10.8 C
Скопје
09:20 - 26 април, 2024

„Ојш? Ода ам, утре почвит Вевчански Карневал“! 24 часа пред почетокот на историскиот Вевчански Карневал

Иако нѐ дели само еден ден до официјалното отворање на овој историски карневал, Вевчани е веќе полно со туристи, сите капацитети во и околината се веќе полни.

Звучниот и оригинален слоган „Кеојш“ преку кој што Вевчани ги повика граѓаните да станат Василичари, до сега, резултираше со голем одзив.

Иако нѐ дели само еден ден до официјалното отворање на овој историски карневал, Вевчани е веќе полно со туристи, сите капацитети во и околината се веќе полни.

Вевчанци и посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена, а многумина ги прават и последните подготовки за да се приклучат на уличниот театар и да го заиграат Василичарското оро. Зурлите и топаните веќе надалеку се слушаат!

Фото: Фејсбук

Општината како организатор, под покровителство на Министерството за култура, е подготвена да ги пречека илјадниците гости, кои непрекинато доаѓаат од земјава и од странство. Сепак, најголем број на посетители, домаќините очекуваат на 13-ти јануари (понеделник) кога, со почеток во 14:00 часот, ќе започне главното дефиле на маските во центарот на Вевчани. Забавната програма на 12-ти јануари ќе започне од 19.00 часот, а на 13-ти јануари музичката програма започнува во 21.00 часот. 14-ти јануари, е резервиран за традиционалното василичарско оро и палење на маските.

Програмата за Вевчански карневал за 2020 наиде на многу позитивни критики на социјалните медиуми, бидејќи покрај традиционалните обреди, таа вклучува и неколку новитети. Преку кулинарското шоу, Бранко Попоски, food blogger кој стои зад проектот Cooking with Branko, ќе ги запознае гостите со кујната карактеристична за овој крај.

За музичкиот дел ќе се погрижат македонски изведувачи од различни жанрови како македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers, DJ Todoroff, македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска, а по барање на публиката, општината се погрижи да ја донесе нашата најголема музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски.

На полноќ на 14-ти јануари, со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Старата Нова Година.

„Напрај се Василичар,“ повика градоначалникот Сашо Јанкоски со цел да ги охрабри луѓето да се маскираат без ограничување во поглед на сатирата, а воедно и ги покани да ја посведочат оваа уникатна манифестација стара 14 века.

Кеojш в недела? На Вевчански!

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....