Како да флертувате: Важни совети за „почетници“

Да знаете како да флертувате и на вистински начин да покажете интерес кон некого, може да биде како прошетка по минско поле.

Додека некои се природно надарени за тоа, постојат и такви кои не се толку спретни кога е флертувањето во прашање, па се соочуваат со потешкотии.

Експерти за секс во врска за магазинот „Космополитан“ даваат неколку совети за тоа како да научите да флертувате:

Гледајте во нив

Експерти велат дека треба да гледате во другата страна за да го привлечете вниманието на некоја личност. Според тврдењата на центарот за истражување на социјални прашања, одржувањето на долг контакт со очите е најчестата грешка која ја прават луѓето кога флертуваат. Значи, морате да го користите погледот како средство за флерт, меѓутоа предолгото гледање предизвикува непријатност.

Користете ја насмевката

Започнете со контакт со очите за да регистрирате интерес кај некого, а потоа насмевнете се како сигнал за одобрување.

Насмевката треба да ви е симетрична. Ако почнете да се смеете, треба малку да се наведнете и да го издолжите вратот, што е силен сигнал при флертувањето – вели Џуди Џејмс, експерт за говор на телото.

Направете лесен контакт

Можеби мислите дека дечкото/девојката чие внимание сакате да го привлечете сака да го зграбчите, меѓутоа, најсексапилните допири се често оние кои не ги очекуваме. Како што објаснуваат психолози, допирите се пократкиот пат до успехот, бидејќи сигнализираат подготвеност да се помине границата која обично ја ставаме помеѓу самите себеси и другите.

Поставете им прашање

Повеќето луѓе сакаат пренесување на мудрости и давање на совети, затоа не плашете се да прашувате. На пример, истакнете дека размислувате за промена на фризурата и прашајте ги дали подобро ви стои кратка или подолга коса. На овој начин го свртувате вниманието кон себе.

Доделете им комплимент

За да доделите комплимент потребно е да го почекате вистинскиот момент. Експерти за секс велат дека со давањето на коментари, всушност вие давате до знаење дека другата личност ве интересира сексуално, без директно сугерирање дека сакате нешто повеќе.

Слични објави

Ја прашаа Камила Паркер дали ќе и недостасуваат Меган и Хари: Одговорот боли! (ВИДЕО)

Еспресо

Бијонсе на гала вечера се појавила во фустан под кој не се носат гаќички! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ким Кардашијан во панталони кои жените со облини не би се осудиле да ги облечат! (ФОТО)

Васко Спасоски

„Игра на тронови“: Алтернативниот крај ќе следува во книгата на Џорџ Р. Р. Мартин?

Еспресо

Првпат ја покажува: Ова е сестрата на Емина Јаховиќ (ФОТО)

Васко Спасоски

Ирина Шајк и Бредли Купер конечно се договорија околу старателството!

Еспресо

Остави Коментар

17 + десет =

Слични објави

Кендал Џенер објави фотографија со поранешното момче на својата сестра! (ФОТО)

Еспресо

Војводите од Сасекс на мета на критичарите: Соседите им прават проблем (ФОТО)

Igor

Ја следат повеќе од 13 милиони луѓе но никој не забележал дека е машко – Познатата јутуберка призна сè (ФОТО)

Еспресо

Марија Шерифовиќ ја преработи една од најубавите песни на Оливер Драгоевиќ (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Дизни потврди дека ќе се прави нова верзија на Бамби!

Еспресо

Храброста им е слаба страна – Ова се најголемите кукавици меѓу хороскопските знаци

Еспресо