16.8 C
Скопје
22:01 - 11 мај, 2026

Зна­че­ње­то на бо­и­те во до­мот: Црве­на­та е на до­ми­на­ци­ја и моќ, сината ги контролира негативните емоции

Иа­ко се­кој од нас има оми­ле­ни бои во кои ужи­ва во сво­јот дом, се­пак, прив­рза­ни­ци­те на фенг шуи има­ат по­се­бен став око­лу тоа, да­ли ток­му на­ши­те оми­ле­ни бои се оние вис­тин­ски­те за ра­зу­ба­ву­ва­ње на до­мот. Спо­ред фенг шуи, се­ко­ја од­дел­на бо­ја има и свое зна­чење. Ток­му по­ра­ди тоа, тре­ба да се об­рне вни­ма­ние на тоа во как­ва бо­ја ги бо­и­ме ѕи­до­вите, ка­ков ни е ме­бе­лот, но и как­ва бо­ја ни се де­та­ли­те во прос­то­рот.

Црвена

Црве­на­та бо­ја е бо­ја на до­ми­на­ци­ја и моќ. До­кол­ку оваа бо­ја ви до­ми­ни­ра во до­мот, ќе чув­ству­ва­те топ­лина, прос­пе­ри­тет и сти­му­ла­ција. Се­пак, би­де­те прет­паз­ли­ви би­деј­ќи цр­ве­на­та боја мо­же да има и не­га­тив­но вли­ја­ние, наг­ла­су­вај­ќи ги за­вис­та и сра­мот. Избег­ну­вај­те ја цр­ве­на­та бо­ја во ва­ша­та трпе­за­рија, куј­на или ра­бот­на­та соба. Спо­ред уче­ња­та на фенг шуи, цр­ве­на­та бо­ја го при­ка­жу­ва еле­мен­тот оган.

Жол­та боја

Жол­та­та бо­ја го прет­ста­ву­ва Сонцето, кое е из­вор на по­зи­тив­на енер­гија. За­тоа, прва­та асо­ци­ја­ци­ја ко­га по­мис­лу­ва­те на жол­та­та бо­ја е свет­ли­ната. Оваа бо­ја има моќ со ко­ја го сти­му­ли­ра мо­зо­кот и доб­ро­то ва­ре­ње на хра­ната.  Се­пак, жол­та­та е нај­до­бар из­бор за куј­ната, а препо­рач­ли­во е да се избег­ну­ва во спал­на­та со­ба и прос­то­ри­и­те кои се на­ме­не­ти за од­мор и ре­лак­са­ција.

Зе­ле­на боја

Со оваа бо­ја се пов­рзу­ва­ат хармо­ни­јата, рас­тот и плод­носта. Спо­ред фенг шуи, таа е сим­бол на еле­мен­тот дрво. Зе­ле­на­та бо­ја ги од­мо­ра очи­те и ду­ша­та и го на­ма­лу­ва стре­сот. Зе­ле­на­та бо­ја во до­мот ќе ви вне­се оп­ти­мизам, сло­бо­да и рам­но­тежа, но ис­то та­ка мо­же да ги пот­тик­не и за­вис­та и из­ма­мата.

Си­на боја

Спо­ред фенг шуи, си­на­та бо­ја го оз­на­чу­ва еле­мен­тот вода, а пов­рза­на е со кон­тро­ла на не­га­тив­ни­те емо­ции. Таа е сим­бол на ду­хов­носта, трпе­ни­е­то и ми­рот и има по­зи­тив­но вли­ја­ние врз лу­ѓето. Таа има моќ да ги на­ма­ли стре­сот и нап­на­тос­та во жи­во­тот. Сов­ршен из­бор е за прос­то­ри­и­те чи­ја на­ме­на е од­мор и ре­лак­са­ција, ка­ко што е спал­на­та соба.

Бе­ла боја

Бе­ла­та бо­ја се пов­рзу­ва со нов по­че­ток, не­ви­ност и чис­тота. Оваа боја вне­су­ва све­жи­на во до­мот, но мо­же да пре­диз­ви­ка и сту­де­но и сте­рил­но чув­ство во так­ви­от ам­би­ент. За­тоа, вни­ма­вај­те кои ѕи­до­ви во до­мот ќе ги обо­и­те во оваа боја.

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....