18:51 - 1 ноември, 2026

ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ РАБОТИ ЗА СЕКСОТ: Работи што сакав да ги знам кога бев млада

Една корисничка на „Редит “ ги праша жените на таа социјална мрежа кои работи сакале да ги знаат за сексот кога биле помлади, а нејзиното прашање собра повеќе од 600 различни одговори.

Еве некои од најинтересните:

„Првиот сексуален однос не мора да биде болен. Како тинејџерка, се плашев од мојот прв пат, бидејќи ми рекоа дека ќе боли многу. На крајот, воопшто не беше болно и бев збунета. Не е исто за секого“.

„Научив дека сексот е само секс. Може да биде добар дури и ако е чуден и смешен“.

„Ако еднаш сте направиле нешто со претходниот партнер и сте уживале во тоа, не значи дека ќе ви се допадне и со следниот партнер“.

„Секогаш мочајте веднаш по сексот“.

„Грлото на матката ја менува положбата во зависност од тоа во која фаза сте во циклусот. Кучешката поза на пример и сите други може да ви причинуваат задоволство една недела, а следната да ве боли. Тоа е сосема нормално”.

“Играчките и експериментите не се лоша работа. Мислам дека некои луѓе ги гледаат сексуалните играчки како табу, речиси како да ги користат луѓе на кои им е досадно од секс, додека во реалноста е токму спротивното”.

„Лажниот оргазам нема да го направи сексот подобар. Ако избегнете да разговарате за што ви одговара а што не, би можело да се влошат работите”.

лубрикант секс пенис

„Ако сте млади и треба да користите лубрикант, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас”.

„Сексот станува подобар со возраста. Сега имам 33 години, а сексот никогаш не ми пружил поголемо задоволство”.

Треба да научите да кажувате „не“ и да не размислувате што ќе ви каже партнерот“.

извор: „индекс“

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....