16:32 - 31 март, 2026

(ВИДЕО)Телефонските говорници во Њујорк заминуваат во историјата: „Соблекувалните“ на стрип-јунакот Кларк Кент – Супермен ќе останат како убав спомен

Властите на Њујорк неделава ги отстранија речиси сите телефонски говорници во градот, коишто станаа „технолошки жртви“ на сеприсутноста на бесплатен интернет и паметни телефони последниве години.

Градоначалникот на Менхетн, Марк Левин во коментар на Твитер нагласи дека сѐ уште чувствува носталгија, при отстранувањето на говорниците.

Покрај практичната намена, телефонските говорници со десетлетија се појавуваа и во поп-културата – од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ-серии. Но, обожавателите на Супермен, на пр., ќе се утешат со фактот дека њујоршката општина Менхетн ќе задржи четири говорници. Познатите „соблекувални“ на стрип – јунакот Кларк Кент – Супермен, ќе бидат зачувани како потсетници на не така далечното минато.

„Тоа е навистина крај на една ера. Последните три телефонски говорници на плоштадот ‘Тајмс сквер’ се отстранети. Нема веќе „ловење“ парички по вашите џебови“, напиша Левин на Твитер.

„Но, се надеваме – ова е и почеток на нова ера, со поголема правичност во пристапот до технологијата“, додава подолу Левин, имајќи предвид на населбите во северен Менхетн, како што е Харлем, коишто се помалку покриени со телефонски и интернет-мрежи.

До денес, 8.400 говорници се постепено отстранети во различни делови на Њујорк. Во 2015 година, Менхетн почна да поставува илјадници пристапни точки на „Линк-НЈС“, нудејќи Ви-фи интернет и бесплатни локални повици. Овие нови киосци постепено ќе се поврзуваат со 5-Г мрежата.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....