17:31 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) МОЧКАТЕ ПОД ТУШ? Опасна ви е навиката, тврди докторката која стана хит на Интернет

Видеото на американската докторка Алисија Xефри-Томас, која објави серија приказни на тема „мочам под туш“, стана вирална на „Тик Ток“. Докторката ја нарече оваа навика „опасна“.

Според неа, мочањето под туш му прави на мозокот асоцијација на акцијата (односно мочањето) со водата што тече, асоцијација што изгледа банална, но која може да предизвика сериозни проблеми подоцна во животот.

„Ако мочате додека водата тече од тушот, создавате асоцијација во вашиот мозок помеѓу звукот на проточната вода и звукот на мокрењето“, им објасни таа на своите 468.000 следбеници. Ако немате силна карлица „потенцијално може да доведе до проблем со испуштање мокрача кога ќе ја слушнете водата како тече“, додаде таа.

Ова правило уште повеќе важи за жените, кои „не се создадени да мочаат стоејќи“. Докторката советува да мочате пред да го пуштите тушот, а ако ви се моча додека сте под туж, подобро би било да го игнорирате мочањето.

За да дообјасни таа се осврна на познатиот експеримент на научникот Иван Павлов со кучиња што го откри феноменот на класичното условување. „Ѕвонеше секој пат кога се ставаше храната за кучиња; на крајот кучето почна да го поврзува ѕвоното на вратата со храна и почна да се лигави иако немаше таму храна“, објаснува таа.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....