-4.2 C
Скопје
03:21 - 28 декември, 2025

(ВИДЕО+ФОТО) ЦЕЛИОТ ГРАД ДОЈДЕ НА НЕГОВИОТ ПОГРЕБ ИАКО НИКОЈ НЕ ГО ПОЗНАВАШЕ: Кој е продавачот Мајк?

Кога некој ќе почине, вообичаено е да се побараат и информираат неговите најблиски роднини и пријатели. Во денешно време со помош на мобилните телефони и интернетот, тоа не е толку тешко. Сепак, на почетокот на 20 век, тоа било цела процедура која не била воопшто едноставна. Случајот со стариот продавач Мајк е веројатно еден од најинтересните во историјата!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Ако случајно умрете надвор од градот каде што живеете, на почетокот на 20 век, вашето семејство ќе биде известено за вашата смрт само доколку имате документи за лична идентификација во себе. За жал, тоа не се случило во 1911 година кога починал „стариот Мајк“, пишува порталот Виралнова.

Тој бил трговец кој постојано патувал низ Америка. Никој во Прескот, мал град во Арканзас, не го знаел целото име на Мајк, но сите го познавале по тоа што продавал пенкала, канцелариски материјали и предмети за домаќинството.

За време на една посета на Прескот, Мајк починал од срцев удар, а неговото тело било пронајдено во еден локален парк. Градот го оплакуваше патувачкиот трговец, а неговите посмртни останки беа однесени во погребална куќа и подготвени за погреб.

Паркот во кој починал Мајк
Фото: Јутјуб/Принтскрин

За жал, во патничката торба на Мајк не биле пронајдени соодветни документи кои би го откриле неговиот целосен идентитет, за да може да биде контактиран некој член од семејството. Надевајќи се дека некој на крајот ќе се појави и ќе го идентификува Мајк, погребувачите морале да го балсамираат телото и да го изложат.

И тогаш единствено нешто што преостанало е да чекаат да се појави некој од неговото семејство или од неговите блиски. Поминале многу години и никој не дошол да ги побара посмртните останки на Мајк. Со текот на времето, жителите на Прескот го нарекоа „Стариот Мајк“, а неговите посмртни останки станаа своевидна туристичка атракција.

Балсамираното тело на стариот Мајк – Фото: Јутјуб/Принтскрин

Дури во 1975 година, дури и на најупорните им стана јасно дека никој нема да дојде да го побара Мајк. Градските власти наредија погребалната куќа конечно да го погреба телото.

Тоа била неверојатна глетка! Скоро целиот град се појавил на погребот. Човекот за кого не знаеја ништо, за сето тоа време некако станал нивен сограѓанин со кого се поврзувале и кога сакале достоинствено да го испратат.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ прикована за кревет: „Се лекувам…“

Еспресо

„Татко ми не ми даваше до знаење дека имам хендикеп, толку многу ми веруваше што ми купи мотор“: Дејан Матиќ отворено зборува за детството и за семејството

Еспресо

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Еспресо

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Еспресо

Диди Џеј купува куќа на Флорида: Пејачката планира да потроши милиони, соседи ќе ѝ бидат светски ѕвезди

Еспресо

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо
Се вчитува....