14:52 - 7 ноември, 2026

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

Многу луѓе ги мачи прашањето што всушност се прави со јацето-чувар на домот од минатиот Велигден, што го чувавме во изминатите 12 месеци.

Во Македонија, по повод најрадосниот христијански празник Велигден, на Велики четврток и на Велики петок се вапсаат јајца. Првото јајце кое се вапса во црвена боја е – според народните верувања – чувар на куќата, и токму тоа јајце се чува во следните 12 месеци. Се верува дека ова јајце ја штити куќата и домаќинството, како и дека заштитува од зли сили и демони. Мора да се чува до следниот Велики петок, бидејќи го претставува чуварот на домот против сите лоши работи.

Што се случува со стариот чувар на куќата од минатата година?

Кога се вапса нов чувар на домот, стариот се фрла во река, односно во вода што тече, за да ги однесе сите зла и несреќи што паднале врз него, наместо врз куќата која ја чува.

Од друга страна пак, оние кои имаат дворови, го почитуваат правилото на закопување на јајцето под земја или под дрво кое би сакале да биде плодно, но и за да го заштити домаќинството од временски непогоди.

Се верува дека јајцето – чувар на куќата носи и благосостојба и среќа во домот, па многумина затоа го чуваат во украсни садови.

 

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....