22:10 - 10 ноември, 2026

ТАТКО ЈА НАТЕРАЛ ЌЕРКАТА ДА СИ ЈА ИЗБРИЧИ ГЛАВАТА: Тинејџерката исмевала соученичка

Татко на тинејџерка на социјалната мрежа „Редит“ пред нешто повеќе од една година откри зошто ја натерал својата 16-годишна ќерка да си ја избричи главата. Неодамна, неговата објава повторно се актуелизираше.

Имено, тој објасни дека неговата поранешна сопруга била многу вознемирена поради постапката, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна.

„Мојата поранешна сопруга и јас имаме ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга има ново семејство. Го спомнувам тоа затоа што не се консултирав со сопругата пред мојата постапка, а сега таа ме осудува“, ја започна објавата.

AITA for shaving my daughter’s hair for bullying a girl with cancer? from AmItheAsshole

„Мојата ќерка неодамна се потсмеваше со една соученичка која ја загуби косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала и периката. Наводно, тука станува збор за некоја претходна расправија меѓу нив двете, што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Не ја воспитував ќерка ми да се однесува кон луѓето онака како што се однесувала и бев згрозен од нејзиниот став“, продолжи тој.

девојка
Фото: Pexels

„За да бидат работите уште полоши, мојата ќерка не се покаја за тоа што го направи и изјави дека девојката го заслужила тоа… Па така, ѝ дадов на мојата ќерка две опции за казна: одземање на целата електроника, вклучително и нејзиниот мобилен, што веќе никогаш нема да ѝ го купам или да отиде на фризер и да си ја избричи главата“, вели таткото.

Тинејџерката ја избрала втората казна, а нејзиниот татко се прашува дали бил во право. Повеќето корисници на „Редит“ не се согласија со неговата одлука.

„Тоа не е добро родителство, тоа е сигурно“, „Твојата ќерка е насилник затоа што и ти си насилник“, „Згрешила, но не можеше ли да смислиш друг начин да ја воспиташ, отколку телесно казнување“, беа само дел од коментарите под неговата објава.

Што мислите вие?

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....