10.8 C
Скопје
04:38 - 4 мај, 2024

СУЕВЕРИЕ: Среќна храна што треба да ја јадете на 1 јануари за да уживате во изобилие!

Се верува дека доколку точно на полноќ на 1 јануари изедете 12 зрна грозје во ритамот на отчукувањата на часовникот, ќе си обезбедите 12 среќни и слатки месеци.

Без оглед дали сте суеверни или не, би требало да изедете барем една од овие намирници бидејќи едно е сигурно – нема да ви наштети.

Ви ги претставуваме седумте новогодишни намирници за среќа кои ќе привлечат изобилие и просперитет во наредната година. Или ќе нè опорават по лудата новогодишна забава.

Грашок, спанаќ и пченкарен леб

Се верува дека ако изедете ваков оброк, ќе си обезбедите во новата година многу метални парички – грашок, прилично банкноти – спанаќ и злато – леб.

Свинско месо

Многу култури ширум светот јадат свинско месо во првиот ден од новата година бидејќи свињите симболизираат напредок.

Грозје

Се верува дека доколку точно на полноќ на 1 јануари изедете 12 зрна грозје во ритамот на отчукувањата на часовникот, ќе си обезбедите 12 среќни и слатки месеци.

Калинка

Семето отсекогаш било симбол за плодност. Ако изедте една калинка ве очекува плодна година.

Риба

Многу култури јадат риба на првиот ден од новата година бидејќи сметат дека рибата која плови низ водата напред ќе им донесе срќа.

Тестенини и ориз

Се смета дека долгите тестенини ќе донесат долг живот. Оризот претставува плодност и богатство.

Округли торти и колачи

Тортите во облик на прсет и другите заоблени слатки десерти носат полн круг среќа во новата година. Во некои традиции во тортата се пече паричка која донесува дополнителна среќа на оној што ќе ја најде.

Што не треба да се јаде за Нова година?

Освен наведената среќна храна, има и храна која според суеверието не треба да се јаде за Нова година.

Јастогот е лоша идеја затоа што се движи наназад, пилешкото исто така зашто кокошката чепка наназад што значи жалење, каење. Друга теорија тврди дека перјасти животни треба да се избегнуваат за храна за Нова година зашто среќата може да одлета.

Непожелно е и се што е кисело, за новата година да не е кисела.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....