10:30 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури уште во позначителен пораст, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени и истите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината- вели нашиот метео прогозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени. Потоа утре и во сабота времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност.

Според Попоски, итре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачност и ќе има појава на повремен локален дожд. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....