11.8 C
Скопје
15:43 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Доаѓа нов влажен бран, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски утре и во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува.

Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во текот на ноќта сабота кон недела и во недела и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег. Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....