6.8 C
Скопје
12:00 - 22 јануари, 2025

СКОПСКАТА СВАДБА НА ДЕЦЕНИЈАТА: На денешен ден Боби Фарел од „Бони-М“ и Јасмина Шабан го рекоа судбоносното „да“

На денешен ден, точно пред четириесет години познатиот танчар и дел од вокалната група „Бони-М“, Боби Фарел, станал македонски зет.

Свадба за која се вели дека ја достигнала популарноста како свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс, само во локални рамки.

На денот на венчавката, преку 20.000 Скопјани ги поздравиле младоженците, а венчавката на Боби Фарел и нивната сограѓанка Јасмина Шабан е нешто за кое уште долго ќе се зборува.

Идилата меѓу Алфонс Боби Фарел и 18 годишната Јасмина Шабан траела околу 4 години. Не помогнало ниту молењето од нејзиното семејство таа да се врати во Виена, во домот на нејзините родители Мизакет и Невзат.

Додека Боби шетал низ Европа со групта „Бони М“, Јасмина трпеливо го чекала во неговата раскошна вила со 13 соби. Така се`до 1 август кога била закажана свадбата во скопскиот хотел „Континентал“.

Сите ги очекувале придружните вокали од групата, меѓутоа атрактивното трио не се појавило. Боби рекол дека девојките биле зафатени со купување на куќа на Флорида.

Се зборело дека тој бил само марионета во групата, и тоа била главната причина поради нивното отсуство. Како и да е, во Скопје 1981 година, оваа свадба била „хит на летото“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BONEY M. Fanclub (@boneym.es)

Неколку дена пред свадбата, Боби со неговиот брат пристигнал во Скопје. Веднаш дал до знаење дека не сака да контактира со новинарите и фоторепортерите. Боби бил прилично вознемирен и нервозен, арогантно изјавувајќи дека му е доста од тоа фотографите да заработуваат милиони од неговите фотографии.

Ниту Јасмина не сакала многу да се фотографира, иако пред неколку месеци и двајцата им се смешкале на фоторепортерите и на широко ја рекламирале нивната венчавка.

Чичкото на Јасмина бил менаџер на забавата. Заедно со нејзините родители се обидувале да ги скријат младоженците од многубројните фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yasmina saban (@yasmina.saban)


Свадбата започнала во 16.00 часот. Боби во голем црн автомобил заминал по невестата, а пред нејзината куќа веќе се собрале преку 200 Роми. Воодушевени го поздравиле Боби, а паднале и првите солзи од неговите обожавателки. Колона на автомобили пристигнала пред матичното, кадешто веќе се собрале 8.000 луѓе. Кордонот полицајци едвај успеал да го задржи редот. Салата во матичното личела на сауна. Младенците биле изнервирани од постојаното сликање и разговорот меѓу присутните. Во еден момент Јасмина започнала да плаче, а Боби започнал да вика на цел глас: „Доста, доста, доста“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diego Sanchez (@boysfor_pele)


После половина час венчавката сепак се случила. После тоа, пред хотелот „Континентал“ 12.000 луѓе со аплауз ги дочекале младоженците. Младоженците рано ја напуштиле салата – повторно се вратиле во 23.30, седеле со гостите, а потоа ги оставиле и се повлекле во хотелскиот апартман.

Иако имало „чочек“ за Боби, тој не сакал да ги покаже своите танцувачки способности, иако тоа го ветил. И Јасмина не заиграла. И двајцата биле воздржани, а Јасмина ниту еднаш не го извала превезот од лицето.

Немало и многу најавени атракции. Немало телевизиски екипи од Германија и Англија. Ниту телевизија Скопје не го снимала големото случување за кое се зборувало со денови. Сите откажале откако семејството Шабан барало 30 милиони за фотографирањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BoneyM (@boney__m)


Се зборувало дека венчаницата на Јасмина била од ткаенина купена во Индија, дека на неа ќе има злато и дека само материјалот чинел тогашни 2.000 марки. Но, таа делувала скромно, исто како и секоја венчаница. Свадбата чинела 14 милиони, а биле споменувани цифри од стотици милиони.

Околу 360 гости прилично мирно ја поминале свадбата. Ромите на оваа свадбена прослава не ја покажале својата препознатлива атрактивност и темперамент.

Така завршила скопската „свадба на деценијата“, која не ги задоволила оние кои очекувале некаква сензација.

Боби Фарел почина на 30ти декември во 2010 година, а од бракот со Јасмина ја имаат ќерката Занилија Фарел.

Извор: Yugopapir

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Хороскоп за 22 јануари: Овните ќе ги решат проблемите, Вагите ќе уживаат во љубовта, а вие?

apostolova

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо
Се вчитува....