15.8 C
Скопје
04:05 - 9 септември, 2026

Сите знаат дека компанијата „Ламборџини“ е позната по луксузните автомобили, а ретко кој дека произведува по 430 кг мед годишно

Во своето соопштение за медиумите во кое зборуваат за се што прават за да го направат бизнисот поодржлив, италијанскиот производител се пофали со пчеларникот и производството на мед. Уште во 2016 година, тие поставиле пчеларник со 600.000 пчели во паркот Ламборџини. Секоја година произведуваат 430 килограми мед, кој им го подаруваат на своите вработени за Божиќ.

Како дел од својот одржлив бизнис, овој бренд инсталирал фотоволтаична централа во Санта Агата Болоњезе, најголемата во италијанскиот регион Емилија Ромања. Со нејзина употреба, од 2010 година, тие заштедиле повеќе од 2.000 тони CO2.

Кога станува збор за пчеларството, „Ламборџини“ не е единствениот во групацијата „Фолксваген“. „Порше“ имаше пчеларник со приближно 1,5 милиони пчели. Во првата година произвеле околу 400 кг мед наречен Turbienchen honey, кој беше распродаден за неколку дена. Тоа ги натерало да се прошират на три милиони пчели и сега произведуваат околу 1.000 кг секоја година.

„Бентли“, кој е исто така дел од групацијата „Фолксваген“, произведува мед во Обединетото Кралство.

„Ролс-Ројс“ има 300.000 пчели. Од компанијата истакнуваат дека нивните пчели создаваат мед кој го опишуваат како „Ролс-Ројс од мед“. Сепак, нивните количини се значително помали од оние што ги произведува „Порше“.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....