15:53 - 2 април, 2026

СИ ИЗГРАДИЛ РОТИРАЧКА КУЌА: Точно на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина

ротирачка куќа

Војин Кусиќ од Србац, град во Босна и Херцеговина на границата со Хрватска, изградил ротирачка куќа.

„Кога работев на семејната куќа, мојата жена ми рече: „Сакам спалната соба да биде покрај патот за да ме будат сончевите зраци“. Дневната соба мораше да биде на другата страна. Потоа тоа ѝ здодеа. „Се чувствувам како да сум затворена во кафез. Сакам да видам кој влегува во мојот двор, а кој ми е покрај патот“, ми рече таа. Тогаш преградив ѕид. Работев на дневната соба од другата страна и имав полни раце работа.. Потоа почнав да го правам ова. Кога ме прашаа зошто, реков дека ми здосадило. Жена ми еднаш сака од оваа страна, па потоа од другата страна. Сега се врти, па нека види како сака“,  раскажа Кусиќ за Нова БХ.

Тој се пошегувал  дека куќата, покрај погледот, има и некои други предности.

„Кога гледате дека доаѓаат несакани гости, ги вртите скалите на другата страна“, вели тој.

Тој раскажа и една анегдота што се случила по забавата по повод изградбата
на необичната куќа.

„Куќата стоеше на другата страна, не таму каде што влегоа. Па, кога излегуваа, велат – а на каде треба да тргнам сега за да стасам до мојата куќа?“, низ смеа се сеќава Војин кој ја проектирал и изградил куќата сам.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....