11.8 C
Скопје
20:20 - 25 април, 2024

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СЕБЕ: Најчести грешки кои ги прават новите мајки

Многу жени за време на првата бременост избезумено се подготвуваат за доаѓањето на бебето, читаат книги, купуваат облека, разговараат со својот партнер, ја замислуваат иднината и со нетрпение очекуваат сè што ќе донесе.

Една мајка ги сподели грешките што ги направила по раѓањето на првото дете, одлучувајќи да им понуди поддршка и совети на другите мајки на кои би можеле да им се најдат овие информации корисни. Подобро е да се учи од грешките на другите отколку од сопствените.

Таа зела облека што не е за трудници на породилно одделение

Помалку од 24 часа по раѓањето на своето бебе со четири килограми, таа во обид да ја навлече облеката што не е за трудници и била запрепастена од фактот дека не ѝ одговара.

Знаела дека ќе и требаат најмалку шест недели за да и се врати големината на матката пред бременоста, а исто така знаела дека за време на бременоста се здебелила околу 25 килограми, благодарение на желбата за брза храна, на која не можела да одолее.

„Реално, ми требаа повеќе од две години за да го вратам моето тело“, рече таа.

НОВИ ПОЧЕТОЦИ: Кој спорт да го одберете за вашето дете, во зависност од неговата возраст

Таа одбивала да спие

Советот „спиј кога бебето спие“ е последното нешто што секој нов родител сака да го слушне, но понекогаш новите мајки имаат многу чудни приоритети во текот на првите недели или месеци од родителството. Ова веројатно има врска со постпартални хормони, и многу повеќе со постпартална анксиозност.

мајка бебе
pexels

Таа се потрудила да одговори на секоја поединечна честитка навремено

„Добив многу честитки и ми беше задоволство да ги прочитам“, рече таа. Ова траело додека таа не одлучила да одговори на секоја поединечна честитка.

„Зошто одлучив да го направам тоа, не сум сигурна. Мислам дека никој не очекуваше толку брз одговор. Моите намери беа добри, но моите очекувања беа едноставно нереални. Иако сè уште уживам да пишувам благодарници и да одговарам на пораки, моето ново мото е „подобро доцна отколку никогаш“.

ВАКА РУСКАТА АРИСТОКРАТИЈА ГИ ВОСПИТУВАЛА ДЕЦАТА: 6 правила кои прават добри и силни личности

Таа присилно се смеела дури ѝ кога ѝ се плачело

Тешко е да се има дете. Животот на мајката е исполнет со подеми и падови. Кога го родила своето прво дете, пријатели често ѝ велеле: Мора да си многу среќна!, Таа била, но не цело време.

„Понекогаш се чувствував многу тажна. На особено тежок ден, драг член на семејството ми рече дека мојата единствена работа е да си го сакам детето. Тие зборови ми помогнаа”, објасни таа.

Работата на мајката не е да се смее цело време, да се чувствува среќна во секое време или да ужива во сè, нејзината работа е да ги сака своите деца и таа може да го прави тоа како што чувствува.

извор: „индекс“

Слични објави

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....