14:26 - 28 ноември, 2026

СЕНЗАЦИОНАЛНО: Пронајдено лавче починато пред 28.000 години! Лавчето Спарта e најдобро сочуваниот примерок од леденото доба (ФОТО)

Ова што го гледате, е страшна последица од глобалното затоплување, кое остави застрашувачки последици во Сибир, каде што се топи вечниот мраз. И ова животно, исто така, излезе од мразот. Сензационалниот случај, пренесен од Си-Ен-Ен, се однесува на младенче од лав, пронајдено во далечна област на Арктикот, а починало пред 28 илјади години.

Примерокот е совршено сочуван. Веројатно лавчето починало во сон, или кога требало да се разбуди, барем вака сугерира неговата позиција.

Тестовите покажаа дека крзното е малку оштетено од калта, но органите, мумифицирани, се совршено сочувани, како и забите и кожата. Сибирскиот лав го доби името Спарта.

Лав Дален, професор по еволутивна генетика во Стокхолм, објаснува:

„Спарта e можеби најдобро сочуваниот примерок од некое животно од леденото доба што било пронајдено. Таа е женско, па дури и мустаќите ѝ се совршено сочувани. Борис не беше толку добро сочуван“, забележа тој.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....