15:20 - 10 ноември, 2026

„Вог“ одлучи: Ова се најдобро облечените жени за 2019 година! (ФОТО)

Најпознатиот моден магазин на светот „Вог“, или модната библија како што го викаат често, и оваа година го анализираше стилот на познатите личности, а посебна задача било да издвојат дами чиј моден вкус се издвојува од другите.

Помеѓу многу ѕвезди, на престижната „Вог“ листа се најде и прекрасната војвотка од Сасекс Меган Маркл, која од неодамна стана препознатлива по безвременската класика, префинетост и едноставност во својот изглед.

После успешната година, која пред се ја одбележа раѓањето на бебе, 38-годишната Меган учествуваше во уредувањето на британското издание на „Вог“, а воедно ја смислила и модната колекција „Smart Set“ во соработка со организацијата „Smart Works“.

Profimedia

И оваа година „Вог“ ја избра Лејди Гага како една од најдобро облечените дами. Најголем впечаток од се убедливо остави виолетово-синиот „Valentino“ фустан кој Гага го носеше на доделувањето за Златните глобуси, а креацијата се смета за најдобриот фустан кој имавме прилика да го видиме во 2019 година.

Оваа публикација оддаде почит на американската ѕвезда која заплива и во актерските води, токму поради неверојатните таленти кои ги поседува во себе.

Profimedia

Во топ-10 заврши и Ријана. Светската ѕвезда позната по својот ексцентричен стил заслужи пофалби за допринос во уличната мода. Пејачката лансираше луксузна линија од брендот „Fenty“, а сепак успеа да го задржи својот препознатлив изглед. Најдобри модни моменти имаше во зелената „Fenty“ модна комбинација, дизајнирана специјално само за неа, која ја носеше на доделувањето модни награди во Лондон.

Помеѓу најдобро облечените дами се најдоа Наоми Кембл, Зои Кравиц, Лупита Нионго, Гема Чан, Трејси Елис Ројс, Фиби Волер Бриџ и Адвоа Абох.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....