10.8 C
Скопје
17:27 - 30 март, 2026

Тука можете да дознаете дали кучето умира во некој филм

Некои луѓе навистина не сакаат да гледаат филм во кој има куче или било какво животно, а на крајот да дојде до тоа кучето да страда или почине.

За некого таквите филмови се трогателни, а сега е лесно да се избегнат таквите филмови.

Гледачите ретко се чувствуваат удобно гледајќи ги кучињата како страдаат, дури и во измислени приказни.

Се што би требало да направите е да отидете на сајтот „Does the Dog Die“ и да го напишете името на филмот, серијата или книгата во која сакате да уживате.

Доколку овој сајт во својата база на податоци го има тој наслов (а во моментов содржи околу 5.000 филмови и серии), ќе ви состави листа со одговори кои ги генерирале корисниците.

На пример, внесете „Old Yeller“, што е назив на филм од 1957 година, и сајтот ќе ви открие дека кучето морало да биде успиено токму кога филмот е на самиот врв.

Сајтот не покрива само кучиња: вклучени се и коњи и мачки.

Можете дури и да дознаете дали во филмот се наоѓаат некои ситуации кои често прават луѓето да се чувствуваат непријатно, како употреба на игли или авионски несреќи.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....