13:52 - 13 ноември, 2026

Подобрете го имунитетот со овој напиток од куркума

Куркумата традиционално се користи за спречување на кардиоваскуларни и невродегенеративни заболувања, како и за ублажување на дигестивните нарушувања, а чaјот од куркума претставува еден од најдобрите начини да го вклучиме овој зачин во исхраната, бидејќи високата температура ја зголемува биорасположивоста на антикоксидантите на куркуминот.

Куркуминот докажано го зајакнува имунитетот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства. Овој антиоксиданс помага во превенција на рак, додека истражувањата исто така покажаа дека го ограничува ширењето на клетките на ракот.

Куркуминот делува антиинфламаторно и на тој начин ги ублажува симптомите на ревматоиден артритис. Неколку студии покажаа дека оваа состојка ги намалува болките кај синдромот на иритација на дебелото црево.

Сепак, ако аромата на куркума не ве привлекува, од помош може да ви бидат дополнителни зачини, мед и млеко.

Во лонче со врела вода од 2 дл додадете лажичка куркума и цимет во прав, малку мелено каранфилче и малку црн бибер. Потоа намалете ја топлината на умерена и гответе 10 минути. Процедете го чајот и додадете малку млеко (кравјо или билно млеко, по желба) и мед по вкус.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....