17:40 - 9 ноември, 2026

Ѕвездата на „Хари Потер“ искрено за своите проблеми: Почнав премногу да пијам!

Instagram

Британскиот актер, Даниел Редклиф, конечно зборуваше јавно за тоа како почнал да пие премногу алкохол во моментот кога се наоѓаше на врвот од својата слава.

Редклиф, најпознат по својата главна улога во серијалот „Хари Потер“, зборуваше за падот на самодовербата во својата борба со алкохолизмот.

– Дефинитивно почнав премногу да пијам пред крајот на снимањето на филмовите за Хари Потер. Откако снимањето заврши, ме фати паника и не знаев како да продолжам понатаму. Не ми се допаѓаше ништо кога бев трезен – рече Редклиф во интервју за „Радио 4“.

Исто така, актерот откри дека е трезен уште од 2010 година и дека е „многу, многу среќен“, што успеал да го остави алкохолот уште како млад.

– Овој проблем постои во моето семејство генерации наназад, но дефинитивно не и кај моите родители – вели Редклиф.

Тој зборуваше и за тоа со што се соочувал поради овој проблем, додека имал богатство од 90 милиони фунти.

– Ја имав таа луда среќа. Мислам дека имам некакво чувство на вина, бидејќи толку млад ми се случи нешто неверојатно – порача искрено актерот.

Иако стана многу популарен благодарение на франшизата „Хари Потер“, на Даниел и натаму му е многу тешко да остави подлабок печат во некоја поинаква улога, пренесува „Мирор“.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....