7.8 C
Скопје
13:03 - 22 декември, 2024

Необичната ЉУБОВНА ПРИКАЗНА на Цеца Ражнатовиќ: „Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко“

Љубовната приказна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, тогаш Величковиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан почнала во 1993 година во еден ресторан, но нногумина не знаат кога Цеца првпат го видела Жељко.

„Бев во Германија и на бензинска пумпа купив „Плејбој“ каде што го видов човекот на својот живот. Налетав на интервју со Жељко Ражнатовиќ. Не разбирав што пишува, само гледав во неговата фотографија бидејќи многу ми се допадна. Беше тоа најмажествениот и најзгоден маж кого сум го видела. Помислив: Значи тој е Аркан! Единствено за што размислував е дека би сакала да бидам жена на таков маж“, рекла Цеца во една прилика.

Судбоносниот момент меѓу Цеца и Аркан се случил на 2 ноември 1993 година во хотелот „Интерконтинентал“. Цеца била жената во која Аркан се вљубил на прв поглед.

„После ми стигна покана за смотра во Ердут. За време на смотрата седевме од страна и чекавме да почне. Го „снимив“ на стотина метри. Стоев до некој генерал и прокоментирав: Какво маче. Кој е овој тип? Леле како изгледа! Човекот само што не се шлогира: Дали си ти нормална? Тоа е командантот.

Кога Оливер Мандиќ нè запозна, Жељко рече: Дали си ти таа ѕвезда која редовно ја шишам? Бев истраумирана, исплашена. Се сплеткав“, раскажала Цеца.

Facebook

Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што сакаат жените. Јас него прва го бакнав. Аркан е строг, но само кон војската“, раскажала Цеца која на почетокот на родителите не смеела да им каже со кого е во врска.

Кога им кажав за кого ќе се мажам, луѓето за малку ќе се онесвестеа. Татко ми рече:

Ако го направиш тоа, ќе се откажам од тебе“, ама знаев дека само ме заплашува.

Можете сите да се испоубиете, јас ќе се омажам со него бидејќи го обожавам“, им реков.

Аркан пред венчавката морал да добие благослов од црквата за склучување на бракот бидејќи бил 21 година постар од Цеца и зад себе имал три брака.

принтскрин/Instagram

Се венчале на 19 февруари, а репортерите на „Њујорк тајмс“ ја снимале нивната венчавка. Никогаш една српска венчавка не предизвикала толкав интерес како што било случајот со „свадбата на векот“, како што многумина ја нарекле.

Свадбата однапред ја платил најдобриот пријател на Аркан, Италијанецот Џовани ди Стефано. Тоа задоволство, според пресметките на српските медиуми, го чинело околу 100.000 марки.

По свадбата Цеца редела хит по хит, а кариерата ѝ била во подем. Изнервирана поради бројните трачеви дека Аркан ја тепа, во една прилика изјавила: „Се омажив за вистински јунак, а таквите не дигаат рака на жена. А и Цеца Ражнатовиќ многу подобро пее од Цеца Величкoвиќ.“

Еден период се ширеа гласини дека Аркан ја ишишал Цеца поради нејзината врска со босанскиот муслиман Самарџиќ. Наводно толку ѝ бил лут поради тоа, па затоа ја ишишал ќелава.

Друга верзија е дека на Аркан му пречело што Цеца се дружела со една пејачка која консумирала наркотици. Кога стигнал дома се скарале и тој ѝ забранил да се дружи со пејачката, а подоцна ѝ забранил и да излегува од дома. Ја ишишал ќелава зашто знаел дека таква никогаш не би излегла од дома.

Facebook

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....