13:12 - 27 ноември, 2026

Намирници со чија помош ќе се ослободите од наталожените масти во текот на зимата

Диетата не мора да се сведува само на оброци од варени пилешки гради и незачинети зелени салати. Некои вкусни оброци исто така можат да помогнат при намалувањето на килограмите, а воедно и да влијаат позитивно на здравјето.

Освен здравствените предности и одличниот вкус, оваа храна ќе ви помогне да го обликувате телото.

Авокадо

Ова овошје е одличен извор на мононезаситени масти кои поспоро се варат и ослободуваат хормони кои даваат подолго чувство на ситост. Интересно е дека луѓето со калориски ограничена диета која вклучува и авокадо може да изгубат повеќе килограми од оние кои внесуваат ист број на калории, но без авокадо.

Маслиново масло

Ова масло е моќен антиоксиданс кој природно ги „гаси” воспаленијата, спречува оштетувања на клетките кои придонесуваат за развој на хронични болести. Маслиновото масло е богато и со мононезаситени масти, кои го намалуваат наталоженото сало на стомакот.

Грчки јогурт

Освен што е добар за варењето, јогуртот ви дава енергија, бидејќи е богат со протеини. Една порција јогурт содржи околу 20 грама протеини, што е еднакво на половина пилешки гради.

Телешко месо

Доколку сте на некој специјален режим на исхрана, потрудете се да внесувате доволна количина на протеини, бидејќи тие се неопходни за одржување на вашата мускулна маса. Што повеќе мускули имате, толку подобро вашето тело ќе ги согорува калориите. Австралиските научници неодамна открија дека жените кои конзумираат немасно црвено месо губат околу 25 проценти повеќе од тежината од оние кои не го козумираат.

Овесна каша

Оваа храна се вари поспоро од повеќето други јаглеродни хидрати, што одржува стабилно ниво на шеќерот во крвта. Доколку за доручек јадете овесна каша, ќе бидете сити долго време. Само една шољичка содржи 8 грама влакна, значи околу третина од дневните потреби.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....