23:40 - 16 септември, 2026

Синот на Боб Марли ќе настапи на „Д Фестивал“

Почнаа подготовките за најголемата летна авантура во тридневна програма што изобилува со музички, креативни и уметнички перформанси.

Единствениот фестивал на отворено во Македонија – „Д Фестивал“ се подготвува за своето јубилејно десетто издание, кое ќе се одржи од 3 до 5 јули во Дојран!

Почнаа подготовките за најголемата летна авантура во тридневна програма која изобилува со музички, креативни и уметнички перформанси.

Потврдени се и првите артисти за 2020 година:

Главната бина e резервирана за синот на легендарниот Боб Марли, Ки-Мани Марли. Преку своите искрени текстови и музика составена од разни жанрови, ќе пренесе важна порака која е дел и од мотото на фестивалот – „Мир. Единство. Еднаквост… и Почувствувај ја љубовта!“ На Ки-Мани му се придружува и еден од најважните артисти од домашната хип-хоп андерграунд сцена, „ЛД Пистолеро“, кој за првпат доаѓа на „Д Фестивал“ со соло настап. Тука ќе се и „Партибрејкерс“ да ги научат новите и да ги потсетат постарите генерации зошто е потребно да сме исти, посебни, слободни и само свои!

Од спротивната страна, на „Лејк авејк“, будни до раните утрински часови ќе ја држи публиката германското електронско дуо „Бука шејд“, чија музика е толку совршена што е невозможно да не нѐ разигра. Aстрикс, еден од водечките „пситранс“ продуценти и диџеи на деценијата, препознатлив по својот перфекционизам кога станува збор за музиката, подготвува експлозивен сет со кој заедно ќе го дочекате изгрејсонцето.

Ќе има забава за сите возрасти, а програмата е збогатена со Фемили деј. Најомилениот музички хор „Златно славејче“ својот јубилеен 50-ти роденден ќе го прослави заедно со вас! За сите деца, да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај…

Во интимна атмосфера во „Чрч стејџ“, ќе се претстави нашата „Телемама“ со акустичен микс од албумите „Мис слобода“ и „Краток албум за двајца“. Ова ќе биде нејзиниот единствен настап летово, па со време поканете си ја симпатијата на состанок.
Очекувајте уште многу изненадувања…

Промо билети

По распродадениот РАН КОРМОРАН, во моментов во продажба промо билети за „Д Фестивал 2020“:
700 денари – Тридневен фестивалски билет без кампување
750 денари – Тридневен фестивалски билет + кампување

Слични објави

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....