1.8 C
Скопје
07:55 - 11 март, 2026

Најмладите улични свирачи си ги остварија соништата и станаа светски шампиони (ФОТО)

Тие и ден-денес ги остваруваат своите соништа и вредно работат на себе.

Уличните свирачи од Кнез Михајлова ја напуштиле Србија во 2010 година, кога победија на натпреварувањето „Јас имам талент“. Во меѓувреме станаа прваци на светот и сега живеат во Австрија.

Дарко Пилер вели дека и ден-денес ги остваруваат своите соништа и вредно работат на себе.

View this post on Instagram

?

A post shared by Danijel Piller (@danijelpiller) on

– Животот ни се промени од корен, веќе речиси ги остваривме нашите животни цели. Ќе ги остваруваме и понатака. Во Австрија се преселивме во 2011 година, брат ми и јас завршивме музички конзерваториум, а сега сме вработени како солисти во Војниот оркестар. Свириме соло коцерти со Австрискиот оркестар, постојано се напредува и тоа се големи настапи. Што се однесува до нашата сестра, таа за жал малку ја зафрли виолината и се занимава со други работи. Со шминка, јога и со такви женски работи – вели тој и додава дека со наградата од 100.000 евра од победата во „Јас имам талент“ успеале да купат стан во Белград во кој доаѓаат кога обврските им го дозволуваат тоа.

Дарко открива дека тој и братот Даниел се исклучително горди што станале троикратни прваци во светот во камерна музика.

– По „Јас имам талент“ продолживме многу да вежбаме и да се трудиме. Одевме на разни натпреварувања и така станавме трикратни прваци во светот во камерна музика. Свиревме на разни турнеи, низ Јапонија и Европа. Настапиваме и со еден од најголемите австралиски комичари Ото Шенк, раскажа тој и откри дека за малку им „побегнала“ една награда на едно популарно австралиско натпреварување.

– Учествувавме во шоуто „Голема шанса“, кое е слично на натпреварувањето „Јас имам талент“ и го освоивме второто место. Постоеше тогаш приказна дека доста пати победата ја однеле странци, и дека време било да ја освои некој Австриец. Господинот од жирито Петар Рап имаше коментар дека не сме можеле да победиме бидејќи сме од Србија.

Славата не ги променила

Дарко истакнува дека бројните успеси и славата во која уживаат во Виена не ги променила.

– Не се променивме, останавме исти. Знаеме дека мора да се работи и вежба, мора човек да остане нормален за и понатака да напредува во животот и да ги оствари своите соништа, изјави Дарко.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....