10.8 C
Скопје
22:44 - 19 април, 2024

Морничава снимка од смртта на сопругот на руската богаташка: Ставиле сув мраз во базенот, тројца починале (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тројца луѓе починале, а неколкумина се сместени во болница по забавата во базенот со сув мраз на влијателната руска блогерка Екатерина Диденко во Москва.

На снимката што се појави во локалните медиуми се гледа сувиот мраз, кој се става во базенот во затворен простор, поради што веднаш дошло до создавање на јаглероден диоксид, а просторијата се претворила во гасна комора, пишува РТ.

Трагедијата се случила во петокот доцна вечерта. Диденко го славела 26-от роденден со семејството и со пријателите. Никој не очекувал дека прославата ќе се претвори во трагедија кога сопругот на Екатерина, Валентин, донел сув мраз поради постигнување ефект на магла, погодна за сликање и снимање.

На снимката се гледаат гостите облечени во бели заштитни одела, носат очила и сите се собрани околу малиот базен.

Едно лице на глас ги чита инструкциите на пакувањето на сувиот мраз шегувајќи се дека сувиот мраз може да биде многу опасен.

Гостите почнуваат да скокаат во базенот, а „најхрабриот“ меѓу нив се потопува целосно, додека една од гостинките се шегува викајќи: Тој е мртов, не е веќе со нас!“

Набрзо шегата се претворила во реалност. Во контакт со водата, сувиот мраз почнал да испарува правејќи густ облак од јаглерод диоксид.

Тројца луѓе, меѓу кои и сопругот на славеничката, Валентин, починале, а неколкумина завршиле во болница.

Екатерина Диденко е фармацевт и нејзините објави се однесуваат главно на лекови, па многумина се прашуваат како таа и нејзиниот сопруг си дозвлиле да си играат со сувиот мраз.

View this post on Instagram

День рождения инста-блогера Екатерины Диденко, известной как «аптечный Ревизорро», закончился трагедией. Компания отмечала 29-летие девушки в банном комплексе. Супруг Екатерины решил устроить ей сюрприз и заказал сухой лед, который друзья под дружные восторженные возгласы высыпали в бассейн, чтобы создать густой пар, а затем прыгнули туда сами. В результате в бассейне образовалась химическая реакция, от ядовитых паров люди, которые прыгнули в воду, сразу же потеряли сознание. После вечеринки в реанимации оказались друзья Диденко и ее супруг — 32-летний Валентин. 25-летние Наталья Манакова и Юрий Алферов скончались практически сразу, а ночью стало известно о смерти мужа Екатерины. У пары двое детей. Приносим соболезнования семьям и друзьям погибших.

A post shared by SUPER (@super.ru) on

Останува прашањето од каде добиле толкава количина сув мраз. Според некои претходни постови на Диденко, можно е мразот да го направил нејзиниот сопруг.

Започната е истрага за трагедијата, а прва на списокот на сомнителни е Екатерина, но и сопствениците на сауната во која бил базенот, пишуваат руските медиуми.

 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....