14:53 - 1 април, 2026

Мари направила куќа од 40 квадрати од песок, глина и слама: Мала е, но има сè што ми е потребно! (ФОТО+ВИДЕО)

Мари Франц Рој сама направила куќичка според своите потреби. Користела природни и рециклирани материјали со цел себе си да си обезбеди дом. 

Мари Франц Рој е млада жена која професионално се занимава со сноубординг. Таа одлучила за себе и својот партнер да направи куќичка. Користела само природни материјали, како што се слама, песок и глина, но и рециклирани прозори, рециклирано дрво, скршено стакло и сето она што можела да го најде на депонија.

foto: Printcreen/ youtube/Exploring Alternatives

Со овој потфат значително ги намалила трошоците за изградба на куќа, но притоа покажала како одлично можат да се искористат фрлените работи.

Мари се труди нејзината мала куќичка да користи енергија и така да го намали загадувањето и засега и успева.

foto: Printcreen/ youtube/Exploring Alternatives

Бидејќи сама ја правела куќата, можела да направи и многу поголем животен простор, но оваа необична жена вели дека за удобност се сосема доволни 40 квадрати, колку што има нејзиниот дом.

Покрај кујната и дневната соба, кои воедно се и влез во куќата, оваа необична станбена единица има и бања и спална соба.

foto: Printcreen/ youtube/Exploring Alternatives

Една печка го грее целиот простор, соларните плочи обезбедуваат топла вода, а многубројните прозори пуштаат толку светлост во оваа куќа, па ќе ви се чини дека живеете надвор.

Мари вели дека е среќна, дека имала многу среќа бидејќи при изградбата и помогнале нејзиниот брат, татко и многубројни пријатели.

За среќа е потребно малку! Мари го сфатила тоа!

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....