16:55 - 9 ноември, 2026

Легендата за Дедо Мраз

Дедо Мраз претставува симбол за добрина, искреност и несебичност и нè потсетува на детството и магијата на новогодишните празници.

Легендата за Дедо Мраз започнува уште во далечната 280 година од нашата ера, кога се смета дека се родил Свети Никола. Тој бил монах познат по својата добрина и несебичност, кој целиот свој живот го посветил на несебичното помагање на болните и сиромашните, а се сметал и за заштитник на децата и морнарите.

Долги години подоцна холанѓаните почнале да го нарекуваат Sinter Klaas, кратенка од холандското име за Свети Никола (Sint Nikolaas). Од холандското име Sinter Klaas произлегло името Santa Clause, име кое и ден денес се користи ширум светот.

Дедо Мраз претставува симбол за добрина, искреност и несебичност и нè потсетува на детството и магијата на новогодишните празници.

Децата веруваат дека некаде далеку, на Северниот пол, во мала слатка куќичка живее Дедо Мраз, а деветте ирваси стрпливо чекаат да започне новогодишното патување.

Легендата живее и носи радост секоја година, одново и одново.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....