12.8 C
Скопје
00:14 - 28 септември, 2026

Какво влијание има алкохолот на сонот?

Наместо алкохол, пред спиење се препорачува консумирање на полесна храна за полесен и поквалитетен сон.

Дали алкохолот има некакво влијание на сонот? Многу луѓе ширум светот имаат навика пред спиење да се напијат една чашка вино или пиво за подобар сон, бидејќи речиси секоја втора возрасна личност во Европа има проблеми со несоница.

Меѓутоа, кога зборуваме за консумација на алкохол за полесен и подобар сон, тогаш станува збор за вистинска измама, бидејќи кај оние кои страдаат од несоница, малите количини на алкохол всушност предизвикуваат спротивен ефект, покажува истражување на германски универзитет во Регенсбург.

Точно е дека откако ќе се напиете алкохол, час до час и половина подоцна доаѓа до пријатно опуштање и чувство на замор, па тоа придонесува за побргу да заспиете, меѓутоа, здравиот сон подразбира неколу фази.

Најпрво, овде влегува фазата пред да заспиете, потоа фазата на умерен, па длабок сон и на крај фазата РЕМ, односно брзо поместување на очите или парадоксен сон.

Под влијание на алкохол одвивањето на овие фази се одвива попречено, предупредуваат германските експерти.

Во првата половина од ноќта лицето спие како да е во кома и не може да се освести. Во утринските часови сонот е немирен, па се случува прерано будење и повеќе да не може да се заспие.

Во тој случај мозокот не е во состојба да добие нова енергија, па човекот се буди рано наутро, но не се чувствува способен да ги врши работните обврски.

Поради тоа, наместо алкохол, пред спиење се препорачува консумирање на полесна храна за полесен и поквалитетен сон.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....