8.8 C
Скопје
23:07 - 10 април, 2026

Гордана прави ЏЕМ ОД ПАТЛИЏАН: Вели дека после него ќе заборавите на ЧОКОЛАДО

Гордана Лишиќ од Топола, Србија, е земјоделка која сака да готви на својот шпорет на дрва. Таа е сладокусец и сака да испробува разни работи и да прави нови рецепти.

Еве некои од нејзините оригинални рецепти.

Џем од патлиџан со суво грозје

Состојки:
6 кг патлиџани
3 кг шеќер
6 кесички ванила
200 гр суво грозје

Подготовка:
Измиените домати сомелете ги на машина која ги одделува лушпите и семките. Добиениот густ сок ставете го во тенџење и варете го со шеќерот околу 30 минути, додека не испари водата. Додајте ванила и суво грозје, уште малку варете и откако ќе се олади ставете ги во тегли.

Задолжително пробајте палачинки со овој џем. Толку се вкусни што ќе заборавете на вообичаените намази.

Ќуфте во сос од патлиџани

Состојки:
За ќофтето:
500 гр мелено месо
1 јајце
1 главица кромид
1 чешне лук
2 лажици презли,
1 лажица сув зачин
1 лажица масло
сол, бибер, малку слатка павлака

За сос:
500 мл сок од домат,
3 чаши вода,
50 мл масло,
3 лажици брашно,
1 лажица шеќер,
сол

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат половина час во фрижидер. Со навлажнети дланки правете помали ќофтиња и кратко пропржете ги на малку загреано масло. За сосот пропржете брашно на зејтин, додајте сос од патлиџан, измешајте и поедно по едно ќофте. Полека долевајте вода. Зачинете, а кога ќе проврие намалете ја температурата и варете на тивок оган околу 40 минути.

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.
Се вчитува....