12.8 C
Скопје
13:55 - 18 декември, 2024

ФОТО: Маж во брак со две жени – Ќе се потрудам двете да останат бремени во исто време

Полиаморен маж (лице кое сака да има повеќе од еден партнер) откри дека сака двете негови жени да останат бремени во исто време, со цел да можат да го споделат тоа искуство.

Џими Силва (36) и Чача Сахагун (32) од Калифорнија заедно се повеќе од една деценија, а почнале да се забавуваат и со Самер Пелетиер (26) откако двајцата „паднале“ на неа на еден деловен состанок во 2012-та година.

Тројката почнала да се забавува, но со години ја држеле врската отворена и експериментирале, сè додека минатата година Џими не ги запросил двете девојки, користејќи два дијамантски прстени изработени од еден камен поделен на два дела.

Во меѓувреме почнале да разговараат и за проширување на семејството, а Џими открил дека сака двете сопруги да му забременат во исто време, пренесува „Daily Mail“.

„Тоа е тешка работа, но ќе го направам тоа“, изјави тој.

Џими клекнал пред девојките на 10-годишнината од врската со Чача, во април 2019-та година. Иако не ја официјализирале својата врска, тие на крајот на годината одржале свадбена церемонија и се сметаат за сопружници.

Иако се во посветена врска, сите признаваат дека ги привлекуваат други жени и не ја исклучуваат можноста за ширење на нивниот љубовен триаголник, а се надеваат и дека наскоро ќе имаат деца.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....