03:52 - 9 ноември, 2026

ВИДЕО + ФОТО | Како сомбреро: Прстенот со најмногу дијаманти во светот!

Instagram

Харшит Бансал, основачот на индиската компанија за накит „Renani Jewels“, влезе во Гинисовата книга на рекорди поради прстенот во кој се вградени најмногу дијаманти – во целиот свет. Но, тој за жали по креацијата на скапоцено дело наиде на многу критики.

Г-дин Бансал рече дека инспирацијата за овој рекорд ја добил пред две години, кога го усовршил својот занает во западниот индиски град Сурат.

Неговата компанија го креираше прстенот со најголем број на дијаманти кон крајот на ноември оваа година кој е составен од неверојатни 12.638 дијаманти.

Овој прстен, кој го нарекоа „Кадиф“, попознат како прстен на просперитетот со кружна форма на цвет е прилично голем и тежок.

И не сите беа маѓепсани од ова парче накит достојно за „Гинис“. Различни коментари наскоро почнаа да се вртат на социјалните мрежи.

„Изгледа како сомбреро“, „Може да се користи како хауба на автомобил“, беа само дел од негативните коментари.

Многумина исто така негодуваа за жената што го држеше прстенот дека ги нема средено ноктите.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....