18.8 C
Скопје
16:40 - 11 март, 2026

ФОТО: Има 32 години и 11 деца, а сега повторно е бремена – Мојот живот не е хаос, би сакала да добијам тројка!

Додека другите ја осудуваат поради преголемиот број на деца, таа се надева дека ќе дојде до бројката од петнаесет деца.

Мајката на единаесет деца не го сокрива воодушевувањето што е повторно бремена и тоа само неколку месеци откако призна дека сака да го прошири семејството.

Да се потсетиме, 32-годишната Бритни Чрч ја роди тројката Оливера, Ашер и Абела пред нешто повеќе од една година – и сега го очекува 12-то дете со 29 годишниот сопруг Крис.

Среќната вест ја објавија на Инстаграм признавајќи дека „тоа обично на сите им го кажуваме, но сега одлучивме да почекаме“.

„Ми беше страв да се надевам“, изјави Битни, која сега е бремена во седмата недела и едвај чека да го запознае најновиот член на семејството. Таа призна дека би и било особено драго доколку повторно роди тројка.

Освен тоа, таа неодамна изјави дека има желба за уште деца, при што нагласи дека би сакала барем уште една ќерка, пишува „The Sun“.

„Се надеваме на уште едно девојче. Не мислам дека би сакала да имам повеќе од 15 деца, но повторно ќе кажам – никога не ни мислев дека ќе имам и 11 деца“, изјави таа тогаш.

Бритни која деталите од својот живот ги споделува на социјалните мрежи, веќе неколку пати мораше да го брани своето семејство откако беа критикувани поради бројот на деца. И покрај тоа што луѓето го мислат за неа, оваа мајка вели дека нејзиниот живот не е бескраен хаос и вели дека не се потпира на бенефициите со цел да го издржува семејството.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....