08:30 - 6 април, 2026

Едноставен и совршен колач од вишни и јогурт

Овој десерт со сигурност ќе ве освежи во топлите летни денови, а и ќе го задоволи вашиот апетит за слатко.

Потребни состојки:

• 500 гр. брашно
• 250 гр. јогурт
• 3 јајца
• 120 гр. путер
• 180 гр. шеќер
• ½ кесичка прашок за пециво
• 2-3 лажички јогурт
• кора од лимон
• 100 гр. лешници или бадеми
• ½ кг. исчистени зрели вишни
• шеќер во прав

Припрема:

Обложете го калапот со хартија за печење.

Во еден сад, изматете ги јајцата, шеќерот и путерот.

Додадете го брашното помешано со прашокот за пециво, јогуртот и изренданата кора од лимон па измешајте.

На крајот изматете ги белките, а потоа со нежно мешање додадете ги во смесата, заедно со измелените лешници или бадеми.

Излејте ја смесата во калапот и распоредете ги вишните по површината.

Печете го колачот 25-30 минути на 200 Целзиусови степени додека не добие златножолта боја.

Кога ќе се излади, по желба наросете го со шеќер во прав.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....