10.8 C
Скопје
22:50 - 3 април, 2026

Џенифер Лопез уште еднаш ја потврди доминацијата со своите гламурозни фустани на црвениот тепих! (ФОТО)

Иако оваа година допрва започна, сезоната на холивудските доделувања на награди веќе најави неколку трендови кои редовно ќе ги гледаме на црвениот тепих годинава.

Еден од нив доби одобрение и од славната актерка и пејачка Џенифер Лопез.

За време на доделувањата на филмските награди „Spirit Awards“, во Санта Моника, популарната Џеј Ло се појави во фустан кој стана неочекуван хит помеѓу познатите дами.

Фото: EPA

Во долг, правилно одмерен фустан до под, оваа година имавме прилика да видиме неколку пејачки, а Џенифер сега го потврди трендот во гламурозен виолетов модел со потпис на модната куќа Валентино.

Фустанот го комплетираше со металик сребрен каиш и еднакво блескава виолетова чанта, што дури и за неа претставуваше едно нетипично издание, со кое сепак ги украде сите погледи.

Фото: EPA

Иако Џенифер и уште неколкуте влијателни дами, кои се појавија во вакви долги фустани, се доволен доказ дека ова моментално е најпосакуваниот избор за совршена модна комбинација на црвениот тепих, не се сомневаме ниту во тоа дека апсолутна потврда за овој тренд ќе добиеме и на вечерашното доделување на Оскарите.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....