18:27 - 13 ноември, 2026

Дали сексот по раскинувањето со партнерот е добра идеја?

Во љубовта нема ништо едноставно, без разлика дали сте во врска или не,  па и од сексот по раскинувањето едната страна може да очекува повторно будење на страста,  додека другата страна сака само секс и телесно задоволство. 

Така на пример, оној кој е оставен во врската може да очекува дека сексот ќе направи другата страна да се премисли.

Секс-терапевтката Холи Ричмонд вели дека сексот по раскинување нема да ја спаси врската, а ако тоа се случи, веројатно среќата ќе потрае само неколку недели.

Зошто тогаш имаме желба за секс по раскинувањето и дали е тоа добра идеја?

Прочитајте што мисли терапевтката Ричмонд: 

1. Зошто сакаме таков секс?

Instagram

– Последниот сексуален однос може да се однесува на славење на сè што било добро во врската – вели Ричмонд и објаснува дека романтичните врски се прекинуваат од емоционални, а не од сексуални причини.

Ако двајцата партнери сфаќаат зошто не можат повеќе да бидат заедно и се задоволни со раскинувањето, сексот потоа може да претставува здраво поврзување.

Но, ако едната страна не сака односот да заврши, тогаш преку сексот сака да му порача на партнерот што ќе изгуби.

2. Како може да влијае на нас?

 – Ако едната личност сè уште сака да трае врската, сексот по раскинување може да ја продолжи емоционалната поврзаност за партнерот кој сè уште не си заминал – вели Ричмонд.

Таа додава дека веројатно поради сексот ќе се чувствувате добро, но по одвојувањето ќе бидете позбунети од претходно.

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....