13:52 - 1 април, 2026

Блејк Лајвли како божица излезена од златната доба на Холивуд! (ФОТО)

Олицетворение на гламурот на стариот Холивуд беше Блејк Лајвли на свечената проекција на филмот „The Rhythm Section” во Њујорк.

На црвениот тепих прекрасната актерка позираше во друштво на својата постара сестра Робин Лајвли, ѕвезда на тинејџерската серија „Teen Witch“ од 1989 година и мајка ѝ Елајн Лајвли. Блејк за таа прилика облекла долг кадифен фустран со негласено деколте кое создаде максимален впечаток за сексапил и сензуалност. Таа одбра и високи тесни чизми со тенка потпетица од модната куќа Louboutin.

Женствената креација со голи рамена, 32-годишната убавица ја потполни со долги кожни ракавици и крупно бисерно ланче, украсено со смарагден камен. Токму ракавиците се детаљ кој не им се допадна на бројните обожаватели кои сметаат дека сепак е премногу.

„Секогаш извади едно парче од себе пред да излезеш од дома. Блејк требала да ги извади ракавиците“, бил еден од коментарите за стилот на актерката. Сепак, не може да се негира дека Блејк Лајвли во ова издание изгледа како божица излезена од златната доба на Холивуд.

Во акционата драма „The Rhythm Section” Блејк Лајвли ја глуми Стефани Патрик, жена која се одлучува за освета кога ќе открие дека падот во кој загинало нејзиното семејство не било несреќа.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....