18:01 - 10 ноември, 2026

5 тајни на холивудските ѕвезди за диета која делува

Кај повеќето холивудски звезди е исто – тие се платени да бидат слаби и затегнати. Некои од нив поради тоа преземаат екстремни мерки за да ја одржат килажата, додека повеќето комбинираат одредена диета и редовно вежбање.

Ви откриваме 5 тајни на познатите за успешно слабеење и одржување на линијата.

Кај вежбањето е најважен квалитетот

Еден час релаксирачко шетање секој ден е добро, ама така нема да ги намалите килограмите. Мора да го зголемувате бројот на отчукувања на срцето секој ден 20-30 минути за да ги намалите масните наслаги.

Познатите личности трчаат, одат на пилатес или на јога за да останат слаби.

Дополнителен совет: Ако вежбате наутро, метаболизмот ќе ви биде добар секој ден, што значи дека вашето тело ќе согори повеќе калории со помалку труд.

Овошје и зеленчук

За подобро да ги искористите бенефитите на овошјето и на зеленчукот јадете овошје и зеленчук со малку калории кои се богати со хранливи материи.

Внесувајте доста влакна

Храната богата со влакна може да ви помогне подолго да се чувствувате сито. Многу ѕвезди сакаат шпаргла, која може да има природно диуретичко дејство.

Исфрлете го белото

Не треба да ги исфрлите сите јаглени хидрати, туку да јадете цели житарки, пченично брашно, кафен ориз и овесна каша.

Дополнителен совет: Наместо бело брашно, бел ориз, бел компир и преработени житарки, бирајте интегрални.

Вежбајте ја контролата на порциите

Повеќето луѓе јадат многу повеќе порции од што треба. Познатите ѕвезди ја мерат секоја порција за да го исконтролираат внесот на калориите.

Дополнителен совет: Порцијата со месо не треба да биде поголема од еден шпил карти, овошјето и зеленчукот треба да бидат со големина на тупаница, порција варен кафен ориз треба да биде колку една мала шолја за кафе, а порција тестенина колку една топка сладолед.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....