22.8 C
Скопје
18:07 - 10 мај, 2026

Сè повеќе жени го јадат ова овошје за вагината да има „подобар вкус“ и мирис, а експертите открија дали тоа има смисла

Со оглед на тоа што аспарагусот може да ѝ даде лут мирис на урината, сосема е природно да се запрашаме дали храната влијае на течностите што се излачуваат од вагината. Прашањето за вкус може да стане уште поважно за време на оралниот секс. Всушност, желбата да се подобри вкусот на вагината предизвика многу урбани легенди за храна и пијалоци кои го прават токму тоа.

Многу луѓе се заинтересирани за моќта на ананасот. Поточно, дали ананасот навистина може да го „заслади“ вкусот на вагината?

Прво, вреди да се напомене дека не постои правило за мирисот или вкусот на вагината. Пре се, вкусот е субјективен, така што она што на еден давател на орален секс може да му биде пријатно, на друг не. Затоа нема причина да се мешате во вкусот (или мирисот) на вашата вагина. И покрај ова, мејнстрим културата принуди многу жени да размислуваат поинаку, пишува Живим.

Како ананасот влијае на вкусот и мирисот на вагината?

– Луѓето се фасцинирани од темата да јадат ананас за да го сменат вкусот на нивната вагина затоа што сме премногу оптоварени со тоа како мирисаме и каков вкус имаме за време на сексот – вели сексологот Ребека Алварез Стори , основач на Велнес Блуми.

Всушност, истражувањето во 2019 година на 1.000 жени покажа дека две третини од нив одбиле орален секс поради загриженост за мирисот на вагината.

Но, повторно, експертите сметаат дека вагината не треба да мириса или да има особено сладок, цветен или кој било друг вкус.

– Тоа е вагина, а не пинаколада – вели гинекологот д-р мед. Џен Гантер.

Сепак, вашиот начин на живот, или она што го јадете, може да влијае на вкусот на вашата вагина.

Имено, храната може да влијае на вагиналната pH вредност со тоа што го поддржува растот на здравите бактерии или го попречува. Затоа, разновидна исхрана богата со овошје, зеленчук и ферментирана храна е генерално поврзана со здрава вагина, додека диетата со недостаток на овие хранливи материи може да доведе до нерамнотежа во бактериите и можеби различен вкус.

Вагинални бактерии

Иако нема специфични студии кои го поврзуваат јадењето ананас со подобра миризба на вагината, постојат истражувања кои покажуваат дека ферментираниот сок од ананас може да помогне во развојот на здрави вагинални бактерии, исто како јогуртот и комбухата. Со оглед на тоа дека здравите бактерии се добри за вагината, тие би можеле да ја спречат вагината да добие почуден или посилен мирис од вообичаеното.

– Искусните дегустатори наведуваат дека конзумирањето на слатко овошје, зеленчук и билки го подобрува слаткиот вкус на вагиналната течност и ејакулата. Тие исто така истакнуваат дека пушењето, кофеинот и преработената храна може да резултираат со горчлив вкус во вагината – вели сексологот Џес О’Рајли.

Она што може да се утврди од претходно споменатите истражувања и коментарите на експертите е дека здравиот начин на живот има многу придобивки за вашата вагина, а ананасот може да биде дел од него. Јадењето ананас има многу здравствени придобивки, како што се борба против воспаление, зајакнување на имунолошкиот систем и хидратација. Сепак, тоа не значи дека само ананасот може да направи чуда.

– Ако почнете да чувствувате лош мирис или мирис сличен на риба во вагината, тоа може да биде знак за некоја медицинска состојба, како што е инфекција или бактериска вагиноза – вели гинекологот д-р мед. Ејми Раскин.

Значи, ако забележите некоја голема промена во мирисот од вашиот вообичаен мирис, би било добра идеја да се консултирате со вашиот лекар.
И запомнете: Нормално е да се чувствувате малку непријатно за време на првиот сексуален однос со новиот партнер, но ако сте премногу фокусирани на тоа како изгледа вашето тело или каков е вкусот на вашата вагина, ќе ви биде потешко да се опуштите и да уживате во оралниот секс. Но, ако само одржувате добра хигиена, особено пред секс, можете да бидете сигурни дека вашата вагина има прилично добар вкус, пишува Живим.

 

Слични објави

Не ја пропуштајте: Новата колекција на „Капитол го дефинира машкиот стил оваа пролет

Еспресо

(Фото) Место за совршени прослави и евенти без стрес: VIlla Diva, совршена сцена за вашиот посебен ден

Еспресо

Еден фустан, една вечер, илјада погледи – вашата матурска модна приказна започнува во „Прагма“

Еспресо

(Фото) Инвестирајте паметно: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

Покажете искрена намера и подарете нешто посебно – рачно изработена свеќа со приказна и стил

Еспресо

(Фото) Мали модни трикови за моќен впечаток – инспирирајте се од новата колекција на Glam and Glow

Еспресо
Се вчитува....