6.8 C
Скопје
06:32 - 30 март, 2026

Поради расправија за пица со лук: Таксист во Германија ја изгубил возачката дозвола

пица

Расправијата поради две пици со лук станала насилна во германскиот град Менхенгладбах до тој степен што таксистот соборил жената кога таа се обидела да го спречи да не ја остави на сред пат.

Еден пар во дваесеттите години купиле две пици со лук во раните утрински часови во саботата, по ноќното излегување во Менхенгладбах.

Не му се допаднал мирисот

Кога одлучиле да си одат дома, таксистот првично одбил да ги земе поради интензивниот мирис, но подоцна се согласил. Додека возел, го запрел автомобилот и им рекол на патниците да излезат со пиците бидејќи му пречел силниот мирис.

Избила расправија, во која наводно двете инволвирани страни се туркале и удирале шлаканици, велат претставници од локалната полиција за германските медиуми.

Кога таксистот сакал да се оддалечи, жената застанала пред автомобилот за да го запре.

Истрагата е во тек

49-годишниот таксист се оддалечил и ја соборил жената на хаубата од автомобилот, каде останала неколку метри пред да падне на патот.

Потоа таксистот побегнал. Но, за среќа, полицијата набрзо го пронашла возачот и му ја одзела возачката дозвола. Сега истиот е под истрага за предизвикување сообраќајни опасности.

Извор: 7news

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....