18:06 - 2 април, 2026

Почина Лилјана Петровиќ, првата претставничка на Југославија на Евровизија (ВИДЕО)

Пејачката Лилјана Петровиќ почина на 81 година во Нови Сад, пренесуваат денеска повеќе српски медиуми.

Лилјана беше првата претставничка на поранешна Југославија на изборот за песна на Евровизија во 1961 година во Кан, каде ја изведе песната „Неке давне ѕвезде“, чиј композитор беше Мирослав Антиќ.

Пејачката учествуваше на бројни фестивали и беше во самиот врв на тогашната музичка сцена, но веќе кон крајот на седумдесеттите години се повлече од јавниот живот.

Подоцна, Лилјана се посвети на пишувањето на поезија, а потоа компонираше и стихови.

Лилјана Петровиќ ќе биде запаметена и по песната на Јован Адамов, „Нека то не буде у пролече“, која ја отпеа на фестивал во Опатија во 1966 година.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....