8.8 C
Скопје
09:39 - 11 март, 2026

Овие знаци ПОКАЖУВААТ дека момчето со кое се гледате е ЖЕНКАР!

Можеби понекогаш ви се чини дека тие постојат само во филмовите, но „професионалните“ женкари се насекаде околу нас и можеби токму вие сте нивната следна мета.

Тие се многу вешти во спроведувањето на она што го наумиле, а тоа е да одведат што повеќе жени во кревет и после да се прават како да не постојат.

Со цел на време да ги препознаете „професионалните“ женкари, мора да бидете свесни за следниве работи:

Ќе ви постават многу прашања

Тие не губат време на муабетење, туку веднаш преминуваат на главното. Со испрашувањето за интимните работи оставаат впечаток како да им е важно, но тоа го прават со намера да стекнат поголема доверба и да ги откријат вашите слаби точки.

Ќе бидат многу романтични

Ќе ве опсипуваат со комплименти, ќе ви шепотат на уво и тие знаат точно каде да ве допрат без да ја прејдат границата. Сепак, од час во час ќе ја поместуваат таа граница и ќе ја прошират вашата зона на комфорот се додека не ве изманипулираат до својата цел.

Ќе играат на картата мистерија

Мистериозните момци успеваат да ги воодушеват повеќето жени, а врвните женкари тоа добро го знаат. Нема да ви откријат многу за себе, но тоа ќе го направат така што вие ќе си помислите дека се моќни и мажествени. После некое време малку ќе ве игнорираат со цел на дополнителен начин да го привлечат вашето внимание.

Ќе глумат дека имаат тажно минато

Таквите момци знаат што поминува кај повеќето жени, а тоа е сожалување на тажното минато на мажот кој им се допаѓа. Тие без грижа на совест ќе заиграат на картата тажно детство и родители кои никогаш немале време за нив со цел вие да добиете желба да се погрижите за нив.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо
Се вчитува....