3.8 C
Скопје
20:06 - 20 декември, 2024

Не се работи за неверство: Зошто жените тајно ги вадат бурмите?

Кога имаат намера да ја изневерат партнерите, многу мажи и жени ги вадат венчалните прстени за да сокријат дека се во брак или да се обидат да си ја олеснат совеста. Ова може навидум да „работи“ за кратко време, бидејќи за да имате чиста совест, единственото решение е да не вршите прељуба.

А, изневерувањето не е секогаш причината зошто дури и жените потајно ги вадат бурмите. Луѓето од целиот свет откриле на апликацијата „Whisper“ зошто ги вадат бурмите. Мажите, споделиле дека најчестат причина е потребата за флерт и секако неверство, но дел од жените покрај прељубата навеле една интересна причина зошто ги вадат бурмите во една специфична ситуација, а тоа е кога ќе ги застане полиција за собраќаен прекршок.

„Со малку шарм и без венчален прстен, полесно е полицијата да прогледа преку прсти на жените“, признала една корисничка на „Whisper“.

Криењето на венчалниот прстен е докажана женска тактика, дури и кога сакаат да добијат бесплатен пијалак, но и кога ќе побараат малку повеќе, како флерт без крајна цел да го изневерат својот сопруг.

„Понекогаш, кога сопругот не е околу, го вадам венчалниот прстен и ги оставам мажите да ми се додворуваат бидејќи тоа ми го крева егото. Иако, никогаш не би го изневерила сопругот “, ја откри нејзината мала тајна друг корисник на „Whisper“.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....