08:21 - 7 ноември, 2026

Нема кој не го знаеше Пиже, ако е баш скопјанец: Збогум за уште еден урбан лик – Сашо Пижевски Пиже

На 57 годишна возраст вчера ненајдено почина Сашо Пижевски – Пиже, скопски урбан лик, основач и сопственик на порталот „Кај мајка ти и татко ти“, и еден од сопствениците на поранешното истоименото кафуле на улица „Ленинова“ во Дебар Маало, култното скопско маало каде што е и роден. Младоста пак, и животот, го помина во Влае (во дружба и со тафталиџани), каде се родија неговите бројни креативни идеи.

Пиже беше еден од главните креатори на скопскиот забавен живот од 80-те години, до денес, беше член на легендарната „Хавана бенд“, основана на почетокот на 90-тите години, заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко. Едни од нивните најпознати песни се „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити сѐ“…

Пред четири години, 2018, на ист ден, 17 мај, почина неговиот близок пријател и член на Хавана бенд, Зеко, а Пиже „го одбра“ истиот датум за да си замине од овој свет.

Од неговите бројни пријатели меѓу првите се огласи Игор Џамбазов со порака на Инстраграм.

Неколку часа пред неговата смрт, на социјалната мрежа Фејсбук, на којашто беше активен, Пиже се потсетуваше на средината на 80-те и на дружбата со Зеко со зборовите „фалиш пријателе“.

„Со Диме и Зеко у Езерце у парк…негде средина на 80-ти…Шо би рекол Ристо Компир година две покасно у Градиште, кај ви е БУШАВИОТ? Ете нека биде сеќавање на тоа убаво време, Диме ем шанкер у Маџо, а пред и после работа си продужуеме заедно. Летовањето у Градиште 86-та, со фичото на Џовани, Шпана, Зеко и Ја, а Асма со камион ни ги донесе стварите(фрижидер, шпорет и неколку пакети Шток пошто мислевме ќе ни стигнат). Останавме неколку месеци, ШТОК снема и у Охрид, а еднаш неделно идевме у Скопје да искраме по една шорба, да зееме пари и да купиме шток…Еве една фотка и КОСИЈАНЕР дур беше Зеко…Не само со Шпана туку и со други наши блиски скоро секој ден ќе те спомнеме. Фалиш пријатељу фалиш, сеа со Шпана ќе идеме заедно па секој ден праиме припреми и од уста не те вадиме. Имам една слика коа бевме заедно у Африка, т.е у Тунис, тројцата прв пут…Ти ги глеаш луѓево и викаш, а бе пријатељу па овие црнциве не биле толку црни…сме ја утнале Африката, не отидовме у црната..“- напиша Пиже, постирајќи и заедничка фотографија од младоста.

Збогум Пиже. Фалиш пријателе, веќе фалиш.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....