6.8 C
Скопје
12:16 - 22 декември, 2024

Караниците со партнерот се неизбежни, но еве како најбезболно да ги надминете!

Караниците се неизбежен дел од секоја врска. Секој од нас е различен и секогаш постојат несогласувања кои некогаш ќе водат и до караница. Изгледа и да не постои начин да ги избегнете сите караници со љубениот. Но сето тоа е во ред, сè додека знаете како да си простите. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се смирите со вашиот партнер после поголема караница.

1. Нема потреба да победите

Во караница со љубениот нема победување. Всушност, можеби и ќе успеете да победите, но тогаш губите нешто многу поважно. Не треба секогаш да бидете во право, бидејќи причината за вашата караница можеби воопшто да не ви значи после некое време.

2. Прегрнете го партнерот

Допирот е магичен кога се расправате со некого, па не се двоумете да побарате прегратка или пак, вие да ја понудите. Ова ќе ве потсети колку се сакате и колку многу си значите еден на друг.

3. Вдишете длабоко, избројте до 10

Сигурно не сакате да го повредите вашиот партнер. Ако чувствувате дека ќе настане караница поради нешто што се го слушнале, а не ви се допаднало, вдишете длабоко и избројте до 10. Ова ќе ви помогне да го намалите бесот и ќе ви даде време да размислите дали е потребно да се расправате.

4. Одберете сигнал за прекинување

Одберете си некој таен сигнал, може да биде гест или збор, кој ќе му даде до знаење на вашиот партнер дека вашето трпение е при крај. Кога несогласувањето го достигнува врвот и може да се претвори во караница, важно е да си кажете дека е време да прекинете.

5. Дали вреди да се расправате за проблемот?

Прашајте се дали работата за која се расправате е толку многу важна. Во ред е да имате разлики и несогласувања, но пред да почнете да се расправате добро запрашајте се дали воопшто вреди.

6. „Скршете“ ја напнатоста

Како? Внесете малку хумор. Не мора да бидете саркастични или иронични. Хуморот е одличен начин за отстранување на напнатоста и ќе го направи разговорот многу полесен.

7. Преземете одговорност

Додека вдишувате длабоко и броите до 10, размислете што е тоа што ве прави гневни. Бидете свесни за вашата позиција и немојте да се плашите да преземете одговорност.

8. Ставете се во кожата на партнерот

Многу често ги толкуваме постапките на нашиот партнер на негативен начин. На пример, ако тој го заборавил вашиот роденден или годишнина, вие веднаш претпоставувате дека не му е грижа. Но, можеби станува збор за нешто сосема друго, па затоа е и важно е да го разберете вашиот партнер и да ги разберете причините за неговите постапки.

9. Тргнете го егото на страна

Ако се расправате со вашиот партнер и ако дозволите вашето его да ве совлада, сигурно ќе изгубите. Запомнете дека вашиот партнер ви е поважен од егото. Не треба да победите или да бидете оној кој е во право, ништо од ова не е поважно од љубовта.

10. Учете

Расправиите можат да бидат и здрави. Ако има несогласување тоа значи дека едниот од вас има друг поглед на нештата, па обидете се да го сфатите. Можеби вашиот партнер е во право, а ова е вашата можност за учење. Бидете отворени кон разликите, а ако вашиот партнер е оној кој не е во право, кажете му дека е во ред да се греши.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....