10:03 - 25 февруари, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) БИЗАРНО – ДОКТОРОТ КОЈ СЕ ОПЕРИРАЛ САМ СЕБЕ: Прв во историјата оти немал друг избор на Антарктикот

Во февруари 1961 година, Леонид Рогозов бил еден од дванаесетте луѓе кои кампувале во тогашната нова, советска база на Антарктикот.

Тој бил и нивниот единствен лекар. Затоа, кога се дијагностицирал себеси со воспаление на слепото црево, останувало само едно нешто што може да го направи – морал сам да го отстрани. Среде пустиот Антарктик, било невозможно да се лета поради зимата, а патувањето по море траело повеќе од еден месец. Рогозов бил заробен во базата. Со пукање на слепото црево, можел да умре, поради што морал да се обиде да направи нешто што никој пред него не го сторил.

Двајца мажи од експедицијата му билр асистенти за оваа прилика и му ги подавале алатите на Рогоз. Покрај тоа, имајте на ум дека немало општа анестезија. Отпрвин, Рогозов користел огледало, но превртениот поглед само ги отежувал работите, поради што одлучил да работи врз основа на допир.

Еве како Рогозов го опиша тоа со свои зборови:

„Крварењето беше обилно, но не брзав…Со отворање на перитонеумот, го повредив слепото црево и морав да го сошијам. Станував се послаб и послаб, почна да ми се врти во глава. На секои четири до пет минути, застанував да се одморам 20-25 секунди. Конечно – еве го проклетиот израсток! Со изненадување забележав црна дамка на основата. Ова значи дека само еден ден подоцна ќе пукне…Моето срце застана и видно забави, додека рацете ми беа како гума, си помислив, и онака ќе завршеше лошо, така што сè што треба да направам беше да го отстранам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @event_every_day

Коцкањето на Рогозов се исплатеше и тој преживеа. По операцијата, постепено закрепнувал. Температурата на телото му се вратила во нормала по пет дена, а конците биле отстранети на седмиот ден по операцијата. Тој продолжил со вообичаените должности по само две недели.

„Самооперацијата“ станала фокусот на советската јавност во тоа време, така што истата година му бил доделен „Орден за труд со Црвено знаме„. Рогозов почина на 21 септември 2000 година во Санкт Петербург од рак на белите дробови на 66-годишна возраст.

извор: „stil.kurir“

Слични објави

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо
Се вчитува....