13:21 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) АВСТРАЛИЈА ГИ ПРОГЛАСИ КОАЛИТЕ ЗА ЗАГРОЗЕН ВИД: Се претпоставува дека до 2050 година животното може да исчезне

Австралиската влада официјално ги стави коалите на листата на загрозени животни по падот на нивниот број поради катастрофалните шумски пожари кои ги намалија нивните живеалишта, пишува „Aljazeera“.

Министерката за животна средина Сузан Леј рече дека ќе има зголемена заштита за животното, класифицирано како ранливо пред само 10 години, во Нов Јужен Велс, Квинсленд и австралиската престолнина.

фото: ЕPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT
„Влијанието на продолжената суша, проследено со црните летни шумски пожари, и кумулативните влијанија од болестите, урбанизацијата и губењето на живеалиштата во изминатите дваесет години доведоа до ова“, рече Леј во изјавата во петокот.
фото: EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT
„Статусот на загрозена коала значи дека тие и шумските домови треба да добијат поголема заштита според австралискиот национален закон за животна средина“, објави австалиската група за заштита на дивите животни на Твитер. „Не само што ова ќе го заштити иконското животно, туку и многу други видови кои живеат покрај нив“.

Леј рече дека во врска со променетиот статус, владата ќе започне со работа на план за обновување на коалата поддржан со финансирање од 74 милиони австралиски долари (52,9 милиони американски долари).

„Ова мора да биде повик за будење до Австралија и владата да се придвижат многу побрзо за даго заштитат критичното живеалиште од развој и расчистување на земјиштето и сериозно да се справат со влијанијата од климатските промени“, рече регионалната директорка на IFAW Океанија, Ребека Кибл во изјавата.
фото: EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Се смета дека илјадници коали биле меѓу домородните животни убиени во пожарите што ги зафатија источните и јужните држави на Австралија кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.

Истражувањето минатата година во Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, предупреди дека коалата би можела да исчезне до 2050 година.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....