11.8 C
Скопје
08:53 - 13 октомври, 2026

(ФОТО) АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИЧАРКА „ИМ ВРЗА ШАМАР“ НА БОГАТИТЕ: Се појави на Мет Гала со моќен фустан

Александриа Окасио-Кортез

Американската политичарка Александрија Окасио-Кортез се појави на Мет Гала во елегантен бел фустан со црвен натпис „Оданочувајте ги богатите“.

Окасио-Кортез го привлече целото внимание кога се појави во фустан со крој на сирена и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Possibile (@possibileit)

„Каква икона“, „АОК се појави во овој фустан на настан полн со богати луѓе. Оваа жена е посмела од било кој во Конгресот“, „Аплауз за испраќање силна порака на Мет Гала“, беа дел од коментарите на социјалните медиуми.

Но, имаше и такви кои покажаа помалку ентузијазам. Имено, некои коментираа зошто таа воопшто се појавила на Мет Гала, настан за кој најевтиниот билет чини 30.000 долари.

„Масата на Мет Гала чини околу 275.000 долари, а еден билет околу 30.000 долари. Ако таа толку ги мрази богатите, зошто се појави на настан на кој само најбогатите луѓе во САД можат да си дозволат да учествуваат?“, коментираше еден корисник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandria Ocasio-Cortez (@aoc)

Окасио-Кортез ги коментираше обвинувањата на својот инстаграм-профил.

„Пред да почнете да дивеете, владините претставници на Њујорк редовно се покануваат на Мет Гала да го надгледуваат користењето на јавните културни институции во нашиот град. Јас бев еден од ретките присутни. Фустанот беше позајмен“, објасни таа.

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекуваат големи промени до крајот на октомври — нови можности во љубовта, работата и финансиите

К.С.

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо
Се вчитува....