13:39 - 13 ноември, 2026

Една жена е згрозена од свекрвата која и упаѓа во спална за време на секс: Не се грижете, веќе сум го видела тоа!

Иако повеќето родители на сакаат да знаат за сексуалниот живот на своите деца, оваа мајка мисли поинаку.

Една жена која со сопругот живее во куќата не неговите родители, е многу лута на својата свекрва која често влегува во нивната спална соба и тоа за време на нивниот сексуален чин.

– Во текот на првите две години од нашиот брак, мојата свекрва ненадејно упаѓаше во нашата соба токму кога водевме љубов. Неважно колку е часот, влегуваше кај нас со желба за разговор, воедно охрабрувајќи не да продолжиме со акцијата, се присетува жената која сега живее со својот сопруг и децата во одделен дом.

– Иако постојано се трудевме да биде што можеме потивки, секој пат таа ќе не извадеше од памет. Неверојатно е како секој пат знаеше што правиме, без оглед колку и да бевме спонтани.

Се уште сум убедена дека некаде имаше скриена камера, која, нормално, никогаш не успеав да ја пронајдам. И денес се плашам дека ќе влета од некаде, иако повеќе не живееме заедно, раскажа таа на Reddit.

Читателите биле загрижени.

– Толку ми е жал! Тоа е одвратно и срамота, гласи еден коментар.

– Многу ми е жал што си морала со тоа да се соочиш. Тоа е така бизарно, додаде друг.

Оваа приказна ги наведе и другите да ги споделат своите искуства.

– Оф и мојата свекрва го прави тоа! Главно е многу бучна и има хронична кашлица, но кога јас и мојот сопруг сме интимни, се претворува во нинџа и влетува во соба без предупредување. Кога ќе почнеме брзо да се облекуваме, таа секогаш се смее и вели: Не се грижете, веќе сум го видела тоа“, истакна друга кориснична на порталот.

Што е најлошото што на вас свекрвите ви го направиле? Пишете ни во коментар!

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....