10.8 C
Скопје
09:11 - 26 април, 2024

Дали сте ги забележале? Ова се некои од најпознатите грешки во легендарните песни

Снимањето во студио е комплициран и напорен процес и многу работи се случуваат непредвидено. Токму затоа многу музичари се принудени повеќепати да преснимуваат за да добијат совршена снимка. Но понекогаш се појавува грешка што е толку совршена што авторите одлучуваат да ја остават на конечната снимка.

Ова се некои од најпознатите грешки во легендарните песни.

„Лед Зепелин“ – Black Country Woman

Песната Black Country Woman од албумот Physical Graffiti почнува со краток разговор за кој веројатно никогаш не сте размислувале. Студиската опрема го снимила звукот на авионот кој прелетува над куќата во која снимал бендот, а разговорот што се слуша е дискусија меѓу членовите на бендот дали да го остават тој звук во песната. Роберт на крај заклучува: Не, остави го тоа.

„Полис“ – Roxanne

Звукот на почетокот на големиот хит Roxanne веројатно на многумина им делувал како најнормален дел. Но тоа не било планирано.

Во еден момент може да се слушне звук на клавијатури и смеата на Стинг. Всушност, Стинг за време на снимањето случајно седнал на клавијатурите кои произвеле атонален звук кој членовите на бендот одлучиле да го остават во конечната верзија, вклучувајќи ја и реакцијата на Стинг на „незгодата“.

„Пинк Флојд“ – Wish You Were Here

Групата „Пинк Флојд“, а посебно Дејвид Гилмор познати се како перфекционисти кога се работи за нивниот албум. Но на насловната песна Wish You Were Here може да се слушне кашлање и дишење пред да почне да свири гитарата. Се работи за кашлањето на Гилмор, кое не можел да го запре бидејќи во тоа време пушел многу цигари. Гилмор бил толку разочаран со својата изведба што тој ден престанал да пуши и никогаш веќе не запалил цигара.
Тој момент останал забележан во песната.

„Кингсмен“ – Louie Louie

Ако малку подобро послушате, околу 0:54 можете да слушнете некој како вика „fuck“, а тоа предизвикало големи проблеми за бендот. ФБИ дури и започнал истрага за да проверат дали „Кингсмен“ навистина допуштиле псовка во големиот хит. За среќа, вокалната изведба е толку нејасна што агентите на ФБИ имале проблеми со транскриптот, па оваа „вулгарна“ верзија останала конечна.

„Бен Фолдс Фајв“ – Steven’s Last Night In Town

Кога не се снима во студио туку дома, секогаш постои страв микрофоните да фатат нешто непланирано. Точно на 2:55 можете да слушнете ѕвонење на телефон и смеење. Некој се обидел да го добие Бен Фолдс за време на снимањето, а тајмингот бил толку добарт што Фолдс решил да ја остави оваа несовршеност во песната.

„Вискитаун“ – Bar Lights

Понекогаш опуштениот пристап е и најдобар, а Bar Lights е совршен пример за тоа. Рајан Адамс го заборава текстот и почнува да се смее, тоа го засмејува и Кејтлин Кари, а по тоа му пука жицата. Сето тоа се случува за неколку секунди, но одлучиле да ја остават не само верзијата со грешка, туку и делот во кој се расправаат за тоа. Можело да биде и без грешка, но вака песната звучи пореално, а со самото тоа и совршено.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо
Се вчитува....